Цветни фустани, одела и многу боја – моден водич за пролет 2022

Пролет е. Сонцето веќе го имаме во изобилство, а тоа е уште една убава причина за добра мисла и доза мода која ќе придонесе уште повеќе за позитивното расположение. Време е за промена на плакарот и за изобилство од боја, едноставно затоа што е пролет. А на пролетта совршено и прилега боја, цвеќе и романтика.

Па токму во таа насока ќе бидат и пролетните трендови. Направивме еден краток тренд водич кој ќе не „прошета” низ актуелните тенденции. Издвојуваме три модни опции што оваа пролет ќе ни ја направат повесела.

 

Фустани со цветни дезени

Зарем има нешто поженствено и романтично, од цветни фустани во пролет? Лелеави, елегантни, шармантни – фустани со флорални принтови и дезени ќе ја разубават оваа пролет.

 

Многу боја

И самата сезона е богата со боја и мириси, па трендовите само се надоврзуваат на нејзината шареноликост. Од пастелни и нежни нијанси до силни и интензивни бои, оваа сезона ќе ни биде весела.

 

Костими

И за на работа и за прошетка. Костими, во различни стилови. Неколку сезони владеат во уличната мода, а оваа пролет само ќе се засили нивното модно присуство и изборот на модели. Совршено, затоа што и ние сме фанови на одела.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.