Тргнала по стапките на мама: Ќерката на Кејт Мос ја снимила првата кампања!

Иста е како мајка и’!

16-годишната тинејџерка многу личи на својата мајка!

Само една недела откако го прославила 16-тиот роденден и ја поминала возрасната граница која и’ дозволува професионално да се занимава со манекенство, ќерката на славната Кејт Мос тргнала по стапките на мама. Инаку, Кејт ја добила својата ќерка од врската со Џеферсон Хек.

Лила Мос-Хек станала заштитно лице на брендот „Марко Џејкобс Бјути“, а на фотографиите од кампањата што ги објавила на Инстаграм, 16-годишната тинејџерка е слика и прилика на својата мајка кога таа била на почетоците од нејзината кариера.

View this post on Instagram

ph: Paula Bullwinkel

A post shared by Kate Moss (@__katemoss) on

Тоа дефинитивно и’ оди во прилог на нејзината идна кариера, а со оглед на тоа што ова е нејзината прва манекенска шанса, на Лили многумина веќе и’ предвидуваат голем успех.

Интересно е тоа што Марк Џејкобс меѓу првите ангажираше уште една ќерка на славна манекенка која одлучила да тргне по стапките на мама, а станува збор за Каја Гербер, која исто така неверојатно личи на мајка си Синди Крафорд.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време