Тренди во секое време: Ова е клучното парче облека оваа сезона (ФОТО)

Модна инспирација

Оваа сезона се носат – дуксови! Задолжително модно парче што ќе го пронајдете во голем број модели и бои. Комбинирајте го на сите можни начини, а со топол волуменозен капут и чизми ќе бидете заштитени од ниските температури. Со додавање топли модни додатоци, како стилска капа и нежен шал, ја имате добитната комбинација за голем број пригоди.

Инфлуенсерките го носат со класично сако, шик капут, топла јакна, класични панталони, фармерки, здолништа, бели патики, високи чизми, па дури и со високи потпетици.

Модерните дами се суперкреативни оваа сезона ини понудија многу начини да го носиме и комбинираме омилениот дукс. Покрај тоа што е неверојатно модерен, дускот е и удобен, така што можете да уживате во секоја пригода.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.