Шармантните фустани на преклоп на Викторија Бекам – хит оваа пролет

Пролетните колекции на светските дизајнерисе веќе актуелни и во продажба. Според објавите веќе може да насетиме што оваа пролет ќе биде хит.

Меѓу тенденциите што апсолутно ќе владеат на модните улици, се асиметричните кроеви, а во таков фазон се и шармантните фустани на преклоп на Викторија Бекам.

На нејзиниот Инстаграм профил, таа деновиве објави избор од три колоритни варијанти на еден ист модел на фустан на преклоп без ракави.

Во описот за овој модел таа додаде дека може да се носи преку целиот ден, од стартот на деловните обврски до вечерен коктел, па неговиот универзален карактер го прави уште попривлечен.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.