Проклетството на Кејт Мидлтон: Зошто модните дизајнери се молат војвотката да не одбере нивна гардероба?

Сите пропаднале!

Преголемата популарност не им годи на сите, особено ако не знаете дека сте станале популарни

За многу модни дизајнери би била вистинска чест некој од кралското семејство да одбере токму нивна креација, но „ефектот Кејт“ колку што може да му помогне некому да си ја зголеми продажбата толку може и да го уништи.

Токму тоа се случило со омилениот моден бренд на Кејт Мидлтон LK Bennett.

Модната куќа, во чии модели многу често можевме да ја видиме војвотката од Кембриџ, морала да ја отпушти цела управа и така ја загрозила работата на повеќе од 500 луѓе.

Меѓутоа, оваа не е првпат да му се случи такво нешто на еден моден бренд.

„Поддршката од познатите личности е светиот грал за секој бренд, иако може да донесе повеќе штета отколку корист“, тврди експертот за брендови Клер Шилдс.

Познато е дека Кејт Мидлтон понекогаш носи стара гардероба која едноставно нема повеќе каде да се купи, што значи дека брендовите мораат брзо да им се обратат на произведувачите за да ја задоволат побарувачката за одредени парчиња облека, што за нив е огромен трошок.

Исто така, со оглед на тоа што Кејт и по неколку години ги носи истите парчиња, купувачите понекогаш го сакаат само тој еден производ од цела колекција и не стануваат верни купувачи на одреден бренд.

„Ако вашиот модел го облече една од најфотографираните личности на светот, тоа може да прерасне во огромен проблем, доколку не сте биле предупредени, што е често случај со Кејт Мидлтон“, објаснува Клер.

Продавачите на мало мораат да најдат тенка линија помеѓу понудата и побарувачката, а производството на одредени парчиња се заснова на повеќе фактори, што може да биде голем проблем, ако не знаат дека нагло ќе се зголеми побарувачката само за еден фустан, на пример. Купувачите доаѓаат кај нив и го сакаат само тој фустан и ништо повеќе, што не значи дека ќе сакаат да погледнат нешто друго во продавницата или дека ќе стекнат навика да купуваат од тој моден бренд.

„Ненадејниот и неочекуван пораст на продажбата и побарувачката, а тоа се случува со облеката кога војвотката ќе биде забележана дека ја носи, честопати значи дека е потребен уште еден производен циклус за да се задоволи побарувачката и да се максимизира продажната прилика.“

За жал, ова може да вклучи огромни трошоци за брендот, кои тогаш не може да се предвидат, ниту пак тоа кога продажбата повторно нагло ќе се намали. Бројките и статистиките по кои се произведува тогаш се во неред и трошоците може да станат огромни.

Кејт Мидлтон многупати била видена во парчиња од брендот LK Bennett, а посебен проблем со неа е тоа што таа купува парче кое е многу скапо и го носи со години, а никој не знае кога ќе се случи тоа.

Додека ова им претставува проблем на брендовите за висока мода, кога Кејт ќе облече нешто од колекциите на брендовите што им се достапни на сите, тие имаат огромен профит од тоа, бидејќи нивната гардероба веќе е наменета за широка потрошувачка.

Покрај LK Bennett, еве кои други брендови пропаднале „благодарение“ на Кејт Мидлтон.

Брендот Hobbs чии фустани Кејт често ги носела, банкротирал во 2017 година. Нивната најпозната креација што Кејт ја носела е фустанот со точки, кој војвотката го носела на последното нејзино појавување пред да го роди принцот Луис.

Ирскиот бренд Orla Kiely доживеал колапс прекуноќ кога Кејт повторно го облекла нивниот капут во ноември 2013 година, за време на своето прво појавување по раѓањето на принцот Џорџ. Секое нивно парче што Кејт го носела се продало во рок од 24 часа, а главната дизајнерка рекла дека огромен проблем за нив е тоа што не го знаат тоа однапред.

Најголемиот шок го доживеала главната дизајнерка на брендот Issa која немала поим дека Кејт ќе се појави во нејзин фустан на службено гостување на телевизија за таа и принц Вилијам да ја објават свршувачката. Фустанот се продавал по повеќе пати во рок од 5 минути по стигнувањето на новите тури, а дизајнерката дознала за фустанот така што сите телефони во фирмата почнале да ѕвонат во ист момент. Дизајнерката на крај останала без пари за производство, иако Кејт и’ донела заработка од 47 милиони фунти, а побарувачката и понатаму растела. Дизајнерката на крај се одлучила да даде отказ.

Уште еден бренд што Кејт го обожавала, Alice Temperley, банкротирал. Нивната гардероба Кејт ја носела во сите прилики и повторно никој не бил известен за тоа. Иако продажбата драстично им пораснала, нивните сметководители сфатиле дека во период од пет години изгубиле 9 милиони фунти поради трошоци во производство и такси.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.