Погледнете ги новите хеланки посветени на Џенифер Лопез

Познато е дека пејачката и актерката, Џенифер Лопез, обожува да носи хеланки. Без разлика дали се работи за одење во теретана, шопинг или дружење со членовите од семејството, Латино дивата секогаш со задоволство ќе ги одбере нив, а и општо е познато дека тоа е омиленото парче облека на секоја жена.

Последните неколку месеци, речиси и да не ги соблече хеланките од американскиот бренд “Niyama Sol“.

“Знам дека сте забележале дека буквално живеам во своите “Niyama Sol” хеланки. Навистина ги носам секаде. Ќе ви кажам зошто сум заљубена во нив. “Niyama Sol” е целосно еколошка компанија. Освен што има најубави кроеви, целата нивна облека е направена од рециклирана пластика”, им напишала неодамна Џенифер на своите обожаватели на Инстаграм и со нив ја споделила веста дека брендот ќе направи колекција хеланки, посветени на неа и нејзината кариера.

Така еден од моделите го носи називот “This is me… Then”, според нејзиниот истоимен успешен албум од 2002-ра година и содржи стихови од песните во тој албум.

Освен хеланките, колекцијата ќе содржи и спортски градници, идеални за фитнес, кои славната пејачка никогаш не ги прескокнува. Сите парчиња од колекцијата се направени од т.н. “4-way stretch” материјал, што значи дека се растегнува во движење. Хеланките се посебни и по тоа што ја обликуваат фигурата, а исто така и брзо се сушат после физичка активност.


Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време