Подгответе се навреме: Модни трендови за претстојната есен
Еве за што станува збор
Иако сите се трудиме максимално да ги искористиме последните денови од летото, реалноста е дека наскоро ни доаѓа есента, дури и побрзо отколку што многумина посакуваат.
Во текот на летото, трендовите главно се фокусираа на светли бои, удобност и на „љубовта кон себе“, а кога станува збор за есента, добиваме похрабри и посмели парчиња.
Еве за што станува збор.
Модни трендови за есен 2021 година.
Спој на неспоивото
View this post on Instagram
Жал ви е да се откажете од вашите омилени удобни џемпери? Не очајувате. Оваа есен, ќе можете да ги носите вашите омилени џемпери под фустаните. Удобност и необичност во едно.
Мегаплетено
View this post on Instagram
Плетените парчиња облека никогаш не излегуваат од мода, а оваа сезона се предимензионирани. Од џемпери и ролки, преку фустани, се’ е плетено и се’ е мега!
Еднобојно
View this post on Instagram
Интензивните бои се поволни и за есента, но наместо да ги комбинираме, оваа сезона ги носиме во комплет – од глава до петици!
Со дупчиња
View this post on Instagram
Сите оние „искинати“ парчиња што ги носевме пред две сезони можеме повторно да ги „ставиме“ во употреба.
Зелена
View this post on Instagram
Станува збор за најпопуларната боја оваа есен, а покрај облеката, пожелни се и модни додатоци во иста боја.
Лого-манија
View this post on Instagram
Дезените со логоа се апсолутен хит оваа есен. Од чанти, фустани до ремени и чизми, се’ е прекриено со логоа!
Пуфнести јакни
View this post on Instagram
Јакните, особено пуфнестите и предимензионирани, се задолжително парче оваа есен.
Микро мини-здолништа
View this post on Instagram
Мини здолништето секогаш е во мода, а оваа есен е нешто помало, поудобно и посмело.
Цветен дезен на мантилите, јакните, сакоата…
View this post on Instagram
Црвениот дезен никогаш не е демоде, а оваа сезона не се носи само на фустаните и блузите, туку и на мантилите, сакоата, јакните и капутите.
Кафени нијанси
View this post on Instagram
Од чоколадната, преку топлите, постудените и црвенестите, кафената боја е апсолутно најпосакуваниот тренд за оаа есен.
Текст: Н.Човиновска
Фото: Инстаграм