Овој базар е создаден за жените кои сакаат повеќе од трендови: жени што го гледаат стилот како личен потпис, психолошки алат и визуелна приказна за идентитетот, карактерот и енергијата што ја носат
StyleSipher и YSHC со гордост го најавуваат првиот StyleSipher Моден Базар 2025 — единствен модно-психолошки настан во регионот што ја спојува одржливата мода, модната психологија, курираните селекции, plus size пристапот и персонализацијата во живо. Настанот ќе се одржи
на 29 и 30 ноември, од 12 до 17 часот, во студиото на StyleSipher на ул. Антон Попов 20 (трет влез).
Овој базар е создаден за жените кои сакаат повеќе од трендови: жени што го гледаат стилот како личен потпис, психолошки алат и визуелна приказна за идентитетот, карактерот и енергијата што ја носат.

Модна психологија како основа на целиот концепт
„Овој базар е создаден за жените конечно да престанат да се прашуваат ‘што е во тренд?’ и да се запрашаат ‘која сум јас како личност?’“, вели модниот психолог и основач на StyleSipher, Сара Серафимовска.
Таа дополнува:
„Дел од селектираните парчиња што ќе бидат изложени на базарот се импулсивни купувања — донесени во моментот, без многу размислување. Друг дел едноставно повеќе не одговара или не стои како некогаш. За StyleSipher, ова е сосема нормален дел од женскиот животен циклус: промените во идентитетот и телото низ годините — од тинејџерка, до жена, до мајка — се очекувани, природни и здрави. Токму овие моменти ја отвораат потребата да се смени начинот на кој гледаме на втората рака.
Една од најсилните цели на StyleSipher е да ги разбиe бариерите околу second-hand модата. Селектираните парчиња можат да изгледаат извонредно на секој тип жена, без разлика на возраста, големината или стилските навики. Токму затоа мини едитот беше фотографиран со повозрасна жена и plus size девојка — избор што ја отсликува нивната филозофија и докажува дека автентичниот стил навистина постои за сите.“
Наместо класичен „базар“, ова е внимателно курирано искуство со 200+ селектирани парчиња, селектирани заедно со нашите коорганизатори YSHC, организирани според потребите на реални жени: нивните силуети, професии, карактер, секојдневие и психолошки стилски профил.
Селекцијата е уредена според принципите на fashion feng shui — стил што ја усогласува личната енергија, пропорциите и визуелниот баланс.

200+ курирани парчиња — во три главни категории
- Секојдневни комбинации – за работа, урбано живеење и smart casual денови
- Plus size селекција – внимателно селектирана според кроеви кои ја почитуваат силуетата
- Свечени фустани – премиум избор за настани, вечерни излегувања и празнична сезона
Секое парче е избрано со намера да создава самодоверба — не стрес. Втора рака, но со висока естетика, квалитет и стилска вредност. Благодарение на нашите партнери YSHC – имаме многу квалитетна облека и додатоци кои вредат да се погледнат.
СПЕЦИЈАЛНИ МОМЕНТИ НА БАЗАРОТ
1. Специјална селекција — YSHC (Your Second Hand Corner)
Нашиот главен партнер и коорганизатор YSHC е водечки бренд за contemporary second-hand мода.
Нивните парчиња, дополнително курирани од StyleSipher, ја рушат стигмата за „втора рака“ и ја претставуваат како интелигентен, модерен и одржлив избор.
„Сакаме да покажеме дека second-hand не е компромис, туку повисок стилски избор.“ — YSHC
Веб-сајт: https://yshc.shop/
Инстаграм: @your.second.hand.corner
2. Бар за Персонализирање — со дизајнерката Ангела Бикова (29.11)
Само во сабота, 29 ноември, Ангела Бикова ќе изведува персонализации во живо: редизајн, дополнувања, ефектни копчиња, текстури и суптилни модни акценти кои секое парче го претвораат во индивидуална приказна.
Не станува збор за обична преправка — туку за модифицирање според вашата психолошка естетика.
Instagram: @upcycled_byBikova

3. Акцент на накит — Spiceberry
Брендот Spiceberry ги носи современите, женствени и минималистички додатоци кои му даваат финал touch на секој изглед.
Посетителките ќе може да откријат кои форми, метали и стилови им прилегаат психолошки и визуелно.
4. Бар за Персонализирање — со артистката Ивана Секулоска (30.11)
Само во недела, 30 ноември, Ивана Секулоска нуди персонализации со:
- фини монистри
- мини charms
- метални акценти
- современи декоративни детали
Овие елементи додаваат карактер, текстура и модна храброст на секое парче.
5. Мини консултации со моден психолог — Сара Серафимовска
Кратки one-on-one насоки за:
- кои бои да ги избегнувате според вашиот тен
- кои кроеви ви стојат физички и психолошки
- како стилот влијае на самодовербата
- како да купувате свесно, без импулси
„Облеката може да ви даде идентитет, стабилност и самодоверба — ако е вистински усогласена со вас.“ — С.С.
6. DJ Марија Лукаревска — модерен музички flow
Curated музика со смирена, урбана и инспиративна атмосфера — совршен контраст на елегантниот хаос што го носи модниот избор.
ДЕТАЛИ ЗА НАСТАНОТ
- 29 и 30 ноември
- 12:00 – 17:00 часот
- StyleSipher Studio – Антон Попов 20, трет влез
Настанот е отворен за јавноста

Instagram: @stylesipher
Web: www.stylesipher.com
Email: [email protected]