Нашите баби овие торби ги носеа на пазар и чинеа околу 100 денари, а денес се продаваат за 2.600 долари (ФОТО)

Дали би ги носеле и вие?

Додека Баленсијага е неприкосновена кралица на чудните и огнено скапи парчиња (чанта во форма на торба за супермаркет, чевли налик на стапала на слон…), Луј Витон имаше повеќе работи што може да се носат, или барем не беа копии на одамна заборавените парчиња од плакарот на нашите баби… или сепак не е така?

Имено, на вратата на овој бренд тропнал дизајнер, кој имал на ум едноставно да го ископира моделот на чанти кои нашите баби ги носеа на пазарот во 1980-тите. И да, иако моделот е речиси идентичен, цената не е мала.

Luj Viton torba i bakina torba sa pijaceТоа е всушност модел на чанта од 2012 година, но судејќи по трендсетерките и социјалните мрежи, оваа чанта е популарна и денес.

The Reef Patent Leather Jelly PM Bag е името на оваа чанта, доаѓа во сина боја и чини „само“ 2.660 долари.

Воедно, со оваа чанта има еден услов, во неа дефинитивно не можете да носите ситници, бидејќи ќе ви испаднат низ дупките, но и доверливи работи, затоа што се гледа апсолутно се’ во чантата.

Иако на прв поглед оваа чанта изгледа како да е направена од пластика, сепак не е. Чантата е изработена од квалитетна кожа, па можеби затоа чини толку многу.

Luj Viton torba

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.