Мора веднаш да престанете да верувате во овие модни „митови“

Збогувајте се со старите правила

Иако на почетокот на милениумот и многу години кои следуваа строго се придржувавме кон некои модни правила, во моментот влегуваме во период на модна слобода каде сè е дозволено.

Секако, нема да отидете на интервју за работа несоодветно облечени, но одредени стилски правила за мешање бои, ускладување на нијансите на торбата и чевлите и слично, веќе не постојат.

Треба да престанете да верувате во следните пет модни заблуди:

Розовата и црвената не треба да се комбинираат

Кој вели? Некои од најубавите комбинации што имавме можност да ги видиме на улиците или дури и на црвениот тепих беа само комбинација на розови и црвени нијанси. Затоа, слободно дозволете ѝ на вашата фантазија да диви кога станува збор за комбинирање на овие бои, нема да зажалите.

Нијансата на чевлите и чантата мора да се совпадне 

Ако сте војвотка, тогаш слободно придржувајте се кон тоа правило. Но, ако тоа не е случај, тогаш играјте со комбинирање на чантата и чевлите во различни бои и веројатно ќе добиете комбинација што ви гарантира море од комплименти.

Изберете: или злато или сребро, не може и двете 

За среќа за многу љубители на накит, тоа не е точно. Златото и среброто изгледаат одлично заедно, затоа слободно облечете различни метални бои во една комбинација.

Додатоците не се мешаат

Дури и врапчињата на гранката знаат дека тоа не е точно! Во ред, мора да признаеме дека е можно да се претера со модните додатоци и да се создаде тотална мешаница на облека, ако мешате додатоци кои не се комплиментираат едни со други на кој било начин, но исто така е можно да се добие одлична комбинација што ќе ве направи да се истакнете од толпата.

Немате што да барате во машкиот плакар

Познатите дами одамна ни докажаа дека тоа не е вистина затоа што во машката гардероба се кријат сите тие преголеми костуми, кои во моментов се еден од најголемите модни хитови.

Прочитајте и: Најпродаван модел во последната деценија: Ова се омилените патики на познатите…

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.