Новата колекција RESORT ’18 на Мите Занов

1 zanov

Македонскиот дизајнер Мите Занов кој стои зад брендот ZANOV подготви нова колекција RESORT ’18 со летни креации кои го спаѓаат во форматот на ресорт колекција. Составена е од 14 модни изгледи, со уникатни дизајнерски парчиња облека, изработени од високо квалитетни материјали како свилен шифон, памучен пуплин, свилен сатен, кепер, штоф, памучни трикоа и жерсе.

4 zanov

Дизајнерот ни откри дека колекцијата е наменета за сезоната лето 2018 и соддржи разновидни дизајни во боја и текстура, костими за капење, лелеави наметки за плажа, долги макси фустани со принт, широки панталони со плисиран транспарентен свилен шифон, како и асиметрични дизајни на панталони и сако фустан. Палетата на бои е карактеристична за ZANOV, употребувајќи јаки бои како жолта, портокалова и циклама, во комбинација со црна, бела и сребрена.

23 zanov

-Појдовна инспирација за колекцијата беа материјалите, леснотијата на материјалите, погодни за летната сезона и убавината на принтовите. За прв пат употребувам повеќе различни принтови во една колекција, кои се предизвик за работа и како целина се создаде еден навистина интересен спој, свеж и разигран изглед – вели Мите.

Исто така за прв пат ZANOV воведува и линија на накит, односно линија на уникатни, рачно изработени обетки, кои совршено го надополнија стајлингот на колекцијата.

13 zanov

Фотографиите и шминката се дело на Елена Андовска, како модел се појавува прекрасната Тамара Петковска од модната агенција Models IN, фризурата е дело на ZANOV, а асистент на фотосесијата е Тони Петрушевски. Фотосесијата е направена во новото студио на ZANOV и на неколку различни локации во Скопје.

2 zanov

3 zanov

5 zanov

6 zanov

7 zanov

8 zanov

9 zanov

10 zanov

11 zanov

12 zanov

14 zanov

15 zanov

16 zanov

17 zanov

18 zanov

19 zanov

20 zanov

21 zanov

22 zanov

24 zanov

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време