„Мајкл Корс” ќе ја пропушти Њујоршката модна недела

Брендот ќе прави промени

Американскиот бренд „Мајкл Корс” реши да напушти четири модни ревии годишно и да произведува облека неколку месеци пред почетокот на продажбата.

Во врска со ова, дизајнерот ќе ја пропушти планираната Њујоршка модна недела во септември, што ќе се одржи во дигитален формат, а ќе ја претстави колекцијата пролет / лето 2021 година од средината на октомври до средината на ноември. Покрај тоа, во изјавата на Мајкл Корс се наведува дека марката ќе лансира две колекции годишно – едната за сезоната пролет / лето, а другата за сезоната есен / зима. Во меѓувреме, брендот очекува напуштањето на колекциите Resort и Pre-Fall да резултира во поедноставен и посеопфатен пристап кон продажбата. Сега компанијата планира да достави работи до продавниците пред презентацијата – така што производителите ќе имаат повеќе време да создадат нови модели.

„Долго размислував дека треба да се промени модниот календар“ се вели во изјавата на Корс. „Навистина ми е драго што видов отворен дијалог во модната заедница за календарот – помеѓу брендовите „Армани”, „Дрис Ван Нотен”, „Гучи”и „YSL” со најголемите трговци на малопродажба низ целиот свет – за тоа како можеме да го забавиме и подобриме работниот тек. Сите ние имавме време да размислиме и анализираме многу работи, и мислам дека многумина ќе се согласат дека дојде време за нов пристап кон новата ера“.

Прочитајте и: „Прада” нуди виртуелни тури на своите работилници

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.