Ќерката на Мадона со влакнести нозе се појави на модната недела во Њујорк

Многумина во Лоурдес препознаа нова модна ѕвезда подеднакво добра како Каја Гербер.

Ќерката на Мадона, Лоурдес Леон (21) направи деби како модел на ревијата на марката Gypsy Sport и така, преку ноќ, стана модна вест број еден.

Иако има моден стаж како носител на фото-кампањи на популарните брендови Конверс и Стела Мекартни, застанувањето на пистата беше премиерно. Како што пренесуваат странските медиуми, ќерката на Мадона не го поминала регуларно кастингот. Имено, креативниот директор на брендот Rio Uribe истакнал дека лично бил контактиран од Лоурдес која му ја искажала желбата за нстап на ревијата.

21-годишниот модел во подем храбро ја носеше впечатливата модна комбинација и „искинатиот“ џинс.

Она што го привлече вниманието на медиумите секако дека беа нејзините нозе, кои не беа депилирани, бидејќи таа веќе некое време го поддржува природниот изглед на жените.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време