Кери Бредшо веќе не носи високи потпетици во „Сексот и градот“: Ги замени со најудобните ниски обувки, кои мажите ги презираат, а дамите тврдат дека се ШИК (ФОТО)

Што мислите вие?

Мислевме дека никогаш нема да ја видиме славната Кери во чевли без висока потпетица, но како што сè се менува во животот, се смени и нејзиниот стил!

Според најновите фотографии од сетот на втората сезона на Just Like That, иконата Кери Бредшо го прифатила главниот тренд во светот на обувките. Така, наместо омилени високи потпетици со потписот на Маноло Бланик, сега носи кломпи, но не какви било, ви се молам!

 

Станува збор за модел со монограм на италијанскиот бренд Гучи, чиј дизајн неодоливо потсетува на бостонскиот модел со потпис на брендот „Биркенсток“, кој е и најпопуларниот модел на удобни обувки во изминатата година според истражувањето на Lysta.

Цената на овие обувки варира во зависност од дизајнот и оди до вртоглави 1.500 евра.

Да потсетиме дека во првата сезона од продолжението на популарната серија, Кери мораше да се збогува со омилените потпетици по операцијата на колкот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.