Карнери и нежна тантела доминантни во новата колекција на Зухаир Мурад

Уникатни креации

Либанскиот дизајнер Зухаир Мурад неодамна го презентираше лукбукот со колекцијата за есен 2019 година.

Тој претстави парчиња кои го спојуваат Истокот и Западот. Инспириран до самураите, тој вметна елементи од јапонската култура, а истовремено комбинирајќи ги со бохо стилот од 70-тите.

Ви колекцијата доминираат креации со карнери и нежна тантела. Принтот и црвените тонови се исто така присутни, како и парчиња со монистра и богата, односно потешка тантела.

Инаку, во лукбукот ќе забележите и неколку женски одела со машки крој, кои совршено се вклопуваат во актуелните трендови.

Дизајнерот се потрудил да создаде комбинации за секоја жена, па фустаните доаѓаат и во мини, миди и макси должина, кроевите се најчесто широки, иако има и неколку креации што ја следат линијата на телото. Освен црвените нијанси, доминантни се и сините, црните и беж…

Колоритот и принтовите ја прават колекцијата разиграна и покрај тоа што се работи за сезона есен/зима.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.