Хеланките од 1980-тите се вратија во мода

Овој тренд ги преплави модните метрополи

Без оглед на тоа дали сте љубител на хеланки или не, ова еластично парче облека е основата на модните комбинации оваа есен.

„На голема врата“ во мода се враќаат хеланките со ластик на стапалата, кои беа моден шик во 80-тите години на минатиот век. Оваа есен, тие се дел од облеката на најпознатите светски звезди и инфлуенсери.

Често се дебатира дали хеланките се вбројубаат во „панталони“ или не, но неспорен е фактот дека секоја девојка има минимум едно вакво парче во својот гардеробер.

Каде и на каков начин ќе ги носите хеланките е прашање на личен стил, можностите за стилизирање со овие таканаречени „stirrup“  хеланки се безброј.

Широки сакоа, блузи и кошули се одлични за комбинација со овие хеланки, а кога сме на тема чевли, тие најдобро изгледаат во комбинација со гломазни мокасини или чевли со потпетици.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.