Дигитална модна недела во Милано во јули, истата иницијатива и од Париз

Италијанската модна комора ќе ја организира првата дигитална модна недела во Милано од 14 до 17 јули, како „конкретен одговор“ на пандемијата на коронавирусот, објави комората.

Француската федерација за висока мода ја најави истата иницијатива.

Оваа „средба за презентирање на машките и женските колекции“ е конкретен одговор на потребата од промовирање на брендови кои ќе имаат можност, како дел од дигиталниот календар, да ги претстават своите колекции за мажи пролет / лето 2021 година и да ги објават колекциите за мажи и жени пролет / лето 2021 година“, прецизира модната комора.

„Поставувањето дигитална модна недела е конкретен одговор на времето во кое живееме“, изјави претседателот на Комората, Карло Капаса.

Комората ќе создаде дигитална платформа на која ќе бидат објавени фотографии и видеа, интервјуа и снимки од зад сцената. Истовремено со претставувањето на колекциите од „Миланската дигитална модна недела“, ќе биде поставена платформа наменета за меѓународни клиенти, со презентација на брендови со фотографии и видеа од колекциите.

Оваа модна манифестација ќе може да се следи преку cameramoda.it, Instagram, Facebook, LinkedIn, Weibo и YouTube.

Следната модна недела во Париз, посветена на машката мода, исто така ќе се одржи онлајн од 9 до 13 јули. Колекциите за мажи пролет / лето 2021 година ќе бидат претставени во форма на „филм и видео“ на специјална платформа.

Поради пандемијата на коронавирусот, модните ревии во Париз, кои беа планирани за крајот на јуни и почетокот на јули, беа откажани.

Прочитајте и: Адел ја диктира модата: Овој фустан ќе биде летен тренд број 1!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.