Џиџи Хадид остро критикувана поради обработката на фотографиите

Сосема непрепознатлива

Џиџи Хадид

Популарната манекенка Џиџи Хадид се појави на насловната страница на престижниот италијански „Вог“, но наместо да собере ловорики на сметка на својот изглед, таа стана предмет на остри критики, како од страна на медиумите, така и од страна на јавноста.

Имено, на насловната фотографија, манекенката е со значително потемен тен од природниот, и сосема непрепознатлива, поради што јавноста се крена на нозе против обработката на фотографиите.

 

Ве молам да разберете дека јас воопшто немам контрола врз фотографиите во поглед на нивната креативна насока. Сè завршува кога заминувам од сетот и сè што се прави на фотографиите е надвор моја контрола“, напиша убавата манекенка во своето обраќање до јавноста.

Потемнувањето е стил на S.Klein и се прави со години и верувам дека тоа беше она што се очекуваше од фотосесијата. Сепак, иако разбирам кои беа намерите на Вог Италија, тие не беа спроведени на коректен начин и грижата која што ја имате е оправдана. Сакам да им се обратам на сите оние кои се навредени поради уредувањето/менувањето/боењето на насловната. Знајте дека, ако мојата контрола врз сето ова беше поинаква, и нештата ќе беа поинакви, напиша Хадид.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време