Првата дама на Америка и нејзиниот сопруг Доналд Трамп одлучиле да ги поминат празниците далеку од Белата куќа
Обновете ја лозинката.
Лозинката ќе ви биде испратена на вашата мејл-адреса.
Првата дама на Америка и нејзиниот сопруг Доналд Трамп одлучиле да ги поминат празниците далеку од Белата куќа
Меланија Трамп му се придружила на својот сопруг, претседателот на Америка, Доналд, на патување на Флорида. Имено, парот во Флорида, поточно на местото Мар-а-Лаго, поседува луксузен имот во кој, како што медиумите наведуваат, планираат и да се преселат кога ќе ги завршат своите јавни должности.
Парот одлучил за празниците да се оддалечи од работата и Белата куќа, па одлучиле Божиќ да го дочекаат во својата омилена куќа. Ова е семејна традиција, а познато е дека Меланија обожава да ги прославува новогодишните празници што подалеку од јавноста.
Тие се качиле на приватен претседателски авион, а Меланија за патувањето одбрала не толку едноставна и удобна комбинација. Имено, првата дама се појавила во струкиран црн капут, кој го зачинила со познатите сатенски чизми на висока потпетица од својот омилен дизајнер – Кристијан Лобутин.
Својот секси изглед го надополнила и со четириаголни црни очила за сонце кои неодоливо потсетуваат на оние што своевремено ги носела најсаканата американската прва дама – Џеки Кенеди.
Фото: Getty Images
Обновете ја лозинката.
Лозинката ќе ви биде испратена на вашата мејл-адреса.