Велат дека недостигот од талент го прикрива со голотија: Дали овој фустан е пожелен на црвениот килим?

Покажала сè

Што мислите вие за ова издание на Меган Фокс?

Помина уште едно доделување на наградите MTV VMA, а сите медиуми ги преплави сликата на Меган Фокс (35) во сосема проѕирен фустан. Таа дошла во придружба на својот дечко Машин Ган Кели (31) со кого разменувала страсни бакнежи.

За Меган се зборува дека е сексапилна, дека има најзгодно тело во Холивуд, но исто толку незгоден карактер и многу малку актерски талент. Поради сето тоа таа периодов се има претворено во совршена придружба на својот дечко музичар.

На црвениот килим дошла облечена во целосно проѕирен фустан под којшто ѕиркала тангата, но и бујните гради.

Тука немало простор за имагинацијата, бидејќи сè се покажало.

Откако започна врска со Кели, Меган е на мета на папараците кои го следат секој нејзин чекор, а тоа нејзе многу ѝ годи. За да продолжи таа пракса, актерката им дава разни материјали на папараците во форма на провокативно однесување, но и облекување.

Кога го запознала Кели, Меган веднаш побарала развод од актерот Брајан Остин Грин, со кого има три деца.

Откако е во врска со контроверзниот музичар, Меган Фокс шета вака (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.