Ваква ја немавме видено: Модна утка на неприкосновената кралица на стилот Меланија Трамп (ФОТО)

Што мислите за ова нејзино издание?

Се’ уште актуелната прва дама на САД Меланија Трамп продолжува да привлекува внимание каде и да се појави. Посебно внимание привлекуваат нејзините модни комбинации.

Меланија често носи капут-фустан или капути со А-крој, кои под градите благо се шират, но јавноста е изненадена со нејзиниото најново издание видено додека излегувала од хеликоптер заедно со сопругот Доналд Трамп на тревникот пред Белата куќата.

Таа овој пат се одлучила за предимензиониран и долг капут, кој во ниеден дел не ја следи линијата на нејзиното тело.

Нејзината фигура е дополнително визуелно ја скратуваат рамните кожени чизми.

Иако оваа комбинација се смета за шик, особено надополнета со кожени црни ракавици каков што е примерот со госпоѓата Трамп, се стекнува впечаток дека не ѝ прилега на градбата на убавата Словенка, па затоа овој моден избор ѝ е прогласен за целосна утка од страна на критичарите.

Фото: KEN CEDENO – POOL VIA CNP / MEGA

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.