Твитерџиите го исмејуваат фустанот што Ема Стоун го носела на Оскарите: Како да е направен од овој производ!

Твитер гори поради Ема Стоун

Фустанот што актерката го носела на доделувањето на најпрестижните филмски награди предизвикал бура на социјалните мрежи

Американската актерка Ема Стоун (30) на овогодишното 91. доделување Оскари привлекла големо внимание во темноцрвениот фустан на модната куќа Луј Витон, изработен од бисерчиња и светкавци.

Интересно е што за изработка на оваа креација биле потребни дури 712 часа.

Колкава е неговата комплексност докажува и фактот што на модните дизајнери морале да им се придружат уште два дополнителни члена за фустанот да биде совршен и завршен во планираниот рок.

„Беше многу тешко поради геометријата на дизајнот, па моравме да намалуваме различни елементи, а да не го смениме вкупниот број на светкавци“, изјавиле од Луј Витон.

Меѓутоа, оваа тоалета не им се допаднала на корисниците на Твитер кои го исмејувале изборот на актерката.

Комплексниот дизајн на оваа креација, тие, верувале или не, го споредиле со печена сланина!

https://twitter.com/AshleyLorin7/status/1099837462166360065

„Апсолутно ја обожавам Ема, но нејзиниот фустан изгледа како да е направен од печена сланина“, напишала една корисничка и покренала лавина од коментари и смеење.

Многумина се сложиле со неа, а некои напишале и дека оваа тоалета ги потсетува на вафли.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.