Целиот свет зборува за стајлингот на Никол Марфи: Ретко која жена во зрелите години би се осмелила да излезе од дома вака облечена!

Храбро!

Каде и да се појави, сите гледаат само во неа

Никол Марфи (53) внимава на својот изглед, многу време поминува во вежбалница, па не е ни чудно што често ја гледаме во кратки фустани и во комбинации што ја нагласуваат нејзината фигура.

Таа овој пат била фотографирана на улиците во Лос Анџелес, а за оваа пригода одбрала краток сив фустан со широк крој, што ги открил нејзините дефинирани нозе.

Поранешната сопруга на Еди Марфи ништо не му препушта на случајот, па никогаш нема да ја видите во запуштено издание.

„Мислам дека секоја жена мора да се грижи за себе. Оној момент кога ќе престанете да се грижите за својот изглед, значи дека сте се предале. Секоја од нас може да издвои 10 минути дневно и да изгледа пристојно“, изјавила таа во една пригода.

Доколку се прашувавте како ѝ успева на 53 години да изгледа толку добро, тајната лежи во неколку навики до кои строго се придржува со децении.

Нејзината неделна рутина се состои од 5 до 6 посети на вежбалница каде што комбинира кардиотренинзи со тренинзи за сила.

Иако во шестата деценија изгледа одлично во костим за капење, вели дека основната мотивација и причината зошто вежба и се храни здраво, е здравјето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Murphy (@nikimurphy)

„Сакам да бидам здрава и витална за да можам да си играм со внуците“, рекла таа.

Што се однесува до исхраната, Никол се придржува до диети што вклучуваат малку јаглехидрати и шеќер, а кои се богати со протеини и влакна. Таа не верува во рестриктивни диети, туку во балансирана исхрана.

„Умерена сум во сè, јадам и благо, но не во големи количини. Правам здрави избори и тоа дава резултати.

Секој може да одвои еден час дневно за тренинг, нема изговори. Можете да вежбате и дома“, заклучува таа.

На 53 години изгледа феноменално: Само Никол Марфи може да износи овој модел на фустан толку добро!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.