Средба со Кејт Мидлтон: Викторија Бекам потполно разочарала со својата модна комбинација!

Гала-прослава

На галата, покрај Бекамови и Кејт Мидлтон, присуствувале и Бјанка Џегер, принцезата Беатрис со партнерот, Кејт Мос и многу други од светот на шоу-бизнисот

Дејвид и Викторија Бекам присуствувале на гала-прославата во Националната галерија на портрети во Лондон. На прославата присуствувала и војвотката Кејт Мидлтон, која е и кралски покровител на оваа галерија.

Додека Дејвид изгледал елегантно во црн смокинг со пеперушка, неговата сопруга Викторија Бекам изненадила со изборот за оваа свечена прилика.

Овој пат се одлучила за бела блуза со широки ракави и широки црни панталони. На оваа комбинација и’ додала малку боја со салонките во неонскорозова нијанса.

На галата, освен Бекамови и Кејт Мидлтон, присуствувале и Бјанка Џегер, принцезата Беатрис со партнерот, Кејт Мос и многу други од светот на шоу-бизнисот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.