Смелост што ретко се гледа: Шерон Стоун во кожен комбинезон!

Ризикот се исплати

Многу млади девојки го одбегнуваат ова ризично парче, но не и Шерон!

Есента е период кога доминираат модни парчиња од кожа, но постојат и такви што многу дами не би се осмелиле да ги облечат, иако привлекуваат како магнет – кожен комбинезон!

Велат дека за да се носат ризични парчиња, потребни се совршена линија и младост што може да износи се’ и на која се’ и’ се простува, но тоа не е правило во кое верува актерката Шерон Стоун.

Таа се облекува онака како што се чувствува и има доволно храброст и самодоверба за на 61 година да носи парчиња што многу помлади девојки не би се ни осмелиле да ги облечат.

https://www.instagram.com/p/B4mvOx7oLzF/

Така вчера била забележана за време на прошетка низ Мадрид во кафеав кожен комбинезон на италијанскиот дизајнер Брунел Кучинели, украсен со ремен во иста боја и џебови на градите.

Со комбинезонот облекла беж капут и црвени чевли, кои ја разбиле по малку монотоната модна комбинација.

Изборот на чантата, црна со беж ремен, многумина ги изненадил,  бидејќи не се вклопува во целиот изглед, но очилата за сонце со кафеав рамка биле полн погодок.

Ви се допаѓа храброто издание на Шерон Стоун?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.