Случајност или ист стилист? Критичарите не биле среќни што најубавите холивудски актерки се појавиле исто облечени!

Што се случува кога имате ист стилист?

Шарлиз Терон била главна ѕвезда на гала-вечерта во склоп на филмскиот фестивал во Берлин, а во речиси идентичниот стајлинг заблескала и 60-годишната Шерон Стоун

Актуелната сезона на доделување награди, јужноафриканската убавица Шарлиз Терон ја започнала со низа беспрекорни изданија на црвениот тепих, а спектакуларно издание покажала и на гала-вечерта во склоп на филмскиот фестивал во Берлин, традиционално организирана од страна на фондацијата Cinema for Peace чија цел е подигнување на свеста за општествената важност на филмовите.

На свечениот настан, славната 43-годишна актерка се појавила во црн фустан во спортски стил со потпис на модната куќа Диор, за која со години настапува како заштитно лице на познатиот парфем.

Споменатата креација на Диор, која му била претставена на светот како дел од претстојната пролетна колекција, се истакнува со мрежеста ткаенина под кој ѕиркале црна кратка маичка, боди и хеланки.

Ова издание во спортски дух, Шарлиз го ублажила со црни чевли на високи потпетици со потпис на славниот Кристијан Лубутин, а на црвениот тепих привлекла внимание и со откачената фризура, украсена со многу шнолички.

Во речиси идентичниот фустан заблескала и фаталната Шерон Стоун на забавата на музичарот Стивен Тајлер по повод доделувањето на греми-наградите.

Ѕвездата на „Основен инстинкт“ привлекла многу погледи со нејзиниот сексапил што го нагласила со мрежест црн фустан, под кој носела боди, а ова впечатливо издание го надополнила со чанта на Диор со лакиран сјај и чорапи-чизмички со високи потпетици од Фенди.

Шерон го нагласила младешкиот изглед во шестата деценија од животот со пристојна шминка, а од накит одбрала златни обетки и ефектен прстен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.