Слика што предизвика чудење: Што е тоа што не се вклопува во изгледот на Брижит Макрон?

Моден компромис!

Дали првата дама на Франција се откажала од модата и ѝ дала предност на практичната облека?

Многумина се зачудиле поради модниот избор на Брижит Макрон. Имено, првата дама на Франција облекла патики со елегантно одело за време на посетата на храмот во Египет.

Патиките се со потпис на модната куќа „Луј Витон“, чинат околу 730 евра и не може да се најдат во слободна продажба.

Брижит (65) му се придружила на сопругот Емануел Макрон на тридневната посета на Египет, за време на која будното око на камерите го следело секој нивен чекор.

За време на посетата на древниот египетски храм стар 3.000 години, Брижит се откажала од салонките и облекла сиви патики што одлично оделе со сивото одело. Многумина не можат ни да си замислат да се облечат вака, бидејќи модно неприфатливо е да се комбинира елегантно одело со патики, но првата дама на Франција сака да си игра со модата.

Меѓутоа, овој пат, Макрон ѝ дала предност на практичноста. Имено, теренот околу древниот храм е сочинет од земја и прашина, па патиките биле одличен избор.

Дали Брижит им се предала на годините, па предност му дала на практичното наместо на модерното?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.