Сите зборуваат за смелото издание на војвотката: Кејт го ископирала стајлингот на Меган Маркл!

На мета на критики!

Сите ги маѓепсало ова гламурозно издание, но станало и тема на дебати!

Војводата и војвотката од Кембриџ вчера вечерта биле главни гости на престижната изведба на Royal Variety во лондонскиот театар Паладиум.

Кејт Мидлтон се појавила во необично гламурозно издание, а многумина забележале дека фустанот неодоливо потсетува на оној што Меган Маркл го носела една година претходно.

https://www.instagram.com/p/B5BSdapnOan/

Во фустанот од тантела со отворен грб изгледала женствено и софистицирано.

Минатата година, во име на кралското семејство, на овој настан присуствувале Меган и Хари, а многумина ја забележале сличноста помеѓу овие два фустана.

Со оглед на тоа што Кејт речиси секогаш носи кратки фустани, овој избор ја подгреал приказната дека добила инспирација од стајлингот на Меган Маркл.

https://www.instagram.com/p/B5CzRhunETJ/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.