Сите зборуваат за нејзиниот стајлинг: Викторија Бекам направила вистинска модна катастрофа!

Модна грешка

И кралицата на стилот понекогаш прави грешка

Викторија Бекам со своето појавување во една емисија привлекла големо внимание. Поточно, нејзиниот стајлинг станал предмет на дискусии на социјалните мрежи.

Многу фанови биле разочарани од нејзиниот избор на гардероба. Навикнати сме Викторија секогаш да е беспрекорно облечена, бидејќи речиси никогаш нема згрешено кога се работи за модата, па многумина се зачудиле од последното нејзино издание во кое искомбинирала неколку стилови и бои.

Имено, 45-годишната дизајнерка и сопруга на Дејвид Бекам, прошетала во црвено-син џемпер со жолти детали.

Здолништето во А-крој од твид во виолетова боја никако не припаѓа во оваа комбинација. Изгледа дека тоа не и’ било доволно шарено, па одлучила да облече и интензивно сини чизми. Косата ја врзала во пунџа, а очилата за сонце и’ го криеле цело лице.

Што мислите вие за нејзиниот стајлинг? Дали овој пат претерала со боите?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.