Си тера по свое: Меган прекршила строго правило на крштевката на синот!

Ја продолжува традицијата

Фото: Getty Images

Иако нејзината модна комбинација на прв поглед изгледала како да се вклопува со кодексот на облекување, и овој пат Меган отстапила од правилата

Откако станала дел од британското кралско семејство, Меган Маркл (37) често ги крши правилата кои инаку се составен дел од протоколот и однесувањето.

Таа ја продолжила традицијата на облекување по свој вкус, не обѕирајќи се на правилата, и на крштевката на синот Арчи Херисон Маунтбатен – Виндзор.

Војвотката од Сасекс за овој важен ден облекла бел фустан со потпис на модната куќа Диор, со што го прекршила правилото за избор на моден дизајнер.

ФОТО: Printscreen Instagram

Имено, членките од кралското семејство за важните семејни настани, каков што е крштевката, најчесто одбираат облека од британски дизајнери, додека Диор е француска модна куќа.

Кејт Мидлтон носела фустан со потпис на Александар Меквин.

Меѓутоа, Меган со својот избор на модна комбинација останала достојна на традицијата што сама ја покренала, а станува за поддржување на жените од модниот свет.

Откако дизајнерката Марија Грација Чиури ја презела улогата на креативна директорка на Диор, Меган често носи модни парчиња од познатата француска модна куќа.

ФОТО: Printscreen Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.