Позната по истакнување на своите облини, Ким уште еднаш покажа дека не се плаши да експериментира со модата и провокацијата.
Ким Кардашијан повторно ги поместува границите на модата и привлекува внимание со својот смел и провокативен избор. На премиерата на емисијата „Hulu’s All’s Fair“, Ким се појави во бордо здолниште со длабок изрез, кое јасно ги открива нејзините познати облини – детали што не оставаат никого рамнодушен.
Стилот беше дополнет со едноставен тегет комплет, кој ѝ прилегаше совршено, додека сината кошула внесе доза на софистицираност и го комплетираше изгледот. Позната по истакнување на своите облини, Ким уште еднаш покажа дека не се плаши да експериментира со модата и провокацијата.

Реакциите на публиката се мешани – додека некои ја слават нејзината самоувереност, други сметаат дека изгледот е премногу смел. Сепак, едно е јасно: само оние со соодветни пропорции можат да го изнесат овој смел стил.
Фото: Printscreen Instagram