Сестрите Кардашијан никогаш не изгледале подобро: Ким е сè послаба, Клои е сè позгодна, додека ТАА доживеала страшен БЛАМ

Погледнете

Кардашијанките предизвикале вистински метеж на црвениот килим кога Ким добила награда од здружението на американски дизајнери

Ким Кардашијан се појавила во Њујорк на CFDA Fashion доделувањето награди што ги врачува здружението на американски дизајнери, и тоа облечена во латекс. Црниот фустан на „Гучи“ совршено му прилегал на нејзиното видно ослабено тело. Ким направила вистински метеж кога прошетала на црвениот килим, и тоа без карактеристичните облини.

Американците не можат да ѝ го простат тоа што толку брзо ги топи своите препознатливи облини, па кружат приказни дека таа отишла толку далеку што одлучила да ги извади силиконите од градите и задникот, како и дека користи лек за дијабетичари за да изгуби што повеќе килограми.

Друштво на црвениот килим ѝ правела сестра ѝ Клои Кардашијан, која секој ден изгледа сè подобро, додека и самата неколку пати има наведувано дека горчината од неверството на Тристан ја лечи во вежбалница. Тренинзите вродиле со плод, бидејќи на црвениот килим била една од најзгодните жени облечена во исечен фустан на Lakuan Smith, што ги откривал нејзините затегнати стомачни мускули.

На Кардашијанките на црвениот килим друштво им правеле и сестрите Џенер. Кајли прошетала со мајка ѝ Крис и покажала дека не носи долна облека под фустанот, додека Кендал доминирала во бел фустан.

Луд и бизарен начин на слабеење: Ким Кардашијан е подготвена на сè за да ги симне килограмите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.