Се заминува, само тие се вечни: Чевли кои ги преживееја сите трендови (фото)

Copy space on light blue background. Isolated.
Се проаѓа само Шанел е вечен и неговите прочуени чевли во двe бои кои ги преживееја сите трендови.

Госпоѓицата Коко  oбожаваше иновации и црно-бели комбинации. По секоја цена сакаше да ја промени колективна свест кај жените кога е модната слобода во прашање, па така со право многу нејзини “изуми“  со право може да се сметаат за револуционерни.  Во 1957 година Коко Шанел претстави уште едно свое супероткритие – чевли во две нијанси.

Комфорно и практично, а во исто време елегантно и женствено, беше тоа кредо до кое се држеше цел свој живот и работен век, па и кога размислувала за тоа како да ја разбие монотонијата на полето на женските чевли.

Жените до тогаш имаа на располагање само еднобојни чевли, па Коко одлучи малку да го прекрши ова правило. Нејзиниот модел “носеше“ беж боја, ама тоа не е се. Тука беше и црниот врв, и не премногу ама сосема доволно – впечатлива штикла и отворена педа како на сандалите. Прочуената креаторка која секогаш работеше во интерес на жените сфати дека оваа комбинација на контрасни бои поседува моќ да ја издолжи ногата. Не е ни чудо што овие чевли преку ноќ влегоа во модниот свет и веќе никогаш не излегоа од него.

chanel cipele

Чест први да ги испробаат нејзините нови чевли добија филмските диви Кетрин Денев, Брижит Бардо и Роми Шнајдер

https://www.instagram.com/p/CFMvp_1h9yp/?utm_source=ig_embed

Подоцна се појавија во уште неколку верзии, комбинации и бои, а меѓу останатите и како балетанки. Моделот со потпетици ја задржа стандардната висина од пет сантиметри, ама ремчето е правено од еластични материјали за да не го спушта зглобот. Радо ги гледавме на црвениот тепих, во канцелариите и на коктел забавите. Држеа чекор со времето, иако поисправно е да кажеме дека беа чекор пред него.

http://www.instagram.com/p/CFR6Jdwnw5x/?utm_source=ig_embed

Ги обожаваше и Карл Лагерфелд кој во својата колекција 2015 есен/зима ги претстави во уште помодерно светло – како еспадрили, чизми и патики. Него веќе го нема ја нема и Коко ама Шанел е вечен. Тоа го потврдуваат и чевлите во два тона кои на почетокот на сезонава повторно прошетаа по модните писти, а сигурни сме дека и почесто ќе ги гледаме на улиците на светските метрополи.

https://www.instagram.com/p/CFEfJdKp1gY/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.