Ријана во потпетици и необична јакна: Дали на видик имаме нов тренд?

Погледнете!

Последниве недели, во фокусот на странските медиуми е романсата на Ријана и раперот A$AP Роки, а фотографите ја уловиле поп-ѕвездата токму во моментот кога одела на вечера со партнерот

Се појавила во потполно необично издание, а искомбинирала потпетици и гломазна скијачка јакна.

Многумина се збунети од овој чуден моден израз, но за пејачката и понатаму се зборува дека е кралица на стилот и дека одлично ѝ стојат и парчиња што други никогаш не би помислиле да ги облечат.

Ријана (32) и популарниот рапер се познаваат долги години, но долго време биле само добри пријатели. Пред седум години таа се појавила во спотот на неговиот хит сингл Fashion Killa.

Ријана на почетокот од 2020 година ја прекинала повеќегодишната врска со саудискиот милијардер Хасан Џамил, а раперот го поврзувале со Кендал Џенер.

Хуманата страна на „лошата девојка“: 9 потези на Ријана што ќе ве разнежнат
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.