Ријана го вратила трендот на модниот трон: Ваквите чизми повторно се апсолутен хит!
Повторно се во мода!
Што и да облече Ријана, тоа веднаш станува водечки тренд
Не треба да се сомневаме во нејзиниот вкус. Ако она тврди дека некое парче е во тренд, тогаш тоа е така.
Чизмите што ги врати на модниот трон минатата година беа вистински хит, а судејќи според реакциите на Инстаграм, и оваа есен ќе ги гледаме често.
Имено, се работи за чизми што се малку над глуждот, на врзување и со високи потпетици. Овој модел може да се носи во безброј комбинации. Одлично одат со панталони, хеланки, но и со фустани.
Нивната длабочина одлично стои на сечија фигура, па не е ни чудно што дамите со воодушевување ги прифатиле.
https://www.instagram.com/p/BY6pa0sF7_k/?utm_source=ig_embed
Ријана на својот инстаграм-профил објавила две модни комбинации во кои акцентот е токму на овој модел чизми.
Во првиот стајлинг, чизмите ги искомбинирала со сиви ѕвончиња и тегет сако. Неочекуван избор, но многу ефектен, е качкетот со кој ја зачинила целата модна приказна.
https://www.instagram.com/p/B2fJfmaHvoC/?utm_source=ig_embed
Другиот стајлинг е за посмелите, оние кои сакаат да експериментираат со стилови.
Таа успеала овие, на прв поглед, неспојливи парчиња совршено да ги вклопи во една интересна модна целина. Бермудите, дуксерот и сакото со чизмите на врзување биле нејзиниот втор избор.
https://www.instagram.com/p/B2fzwcantJm/?utm_source=ig_embed