Познатата раперка се сврте и ги покажа голите гради без трошка срам (ФОТО)

Погледнете!

Фустанот е ПРЕКРАСЕН, но бидејќи му недостига горниот дел – за него ви е потребна огромна самодоверба, а таа очигледно ја има!

Познатата пејачка и раперка Дожа Кет беше една од гостинките на престижниот гала-настан Тајм 100, кој се одржа во средата навечер во Линколн-центарот во Њујорк.

На прославата присуствуваа ѕвезди од А-листата како Ким Кардашијан, Салма Хајек, Ешли Греам, Стивен Спилберг, но Дожа беше таа која успеа да го украде шоуто!

Таа на црвениот тепих пристигна во издание кое никого не остава рамнодушен, иако од неа не очекувавме ништо помалку – позната е како некој кој секогаш избира екстравагантни и предизвикувачки креации.

Дожа овојпат се одлучи за тоалета со потпис на брендот Valetino, а иако не очекувавме ваков ласцивен дизајн од италијанската модна куќа, дефинитивно можат да нè изненадат.

Пејачката избрала фустан со помал шлеп и многу волан од полупроѕирна ткаенина во боја на лаванда, но се издвоји неговиот горен дел, како контраст на овој романтичен дизајн.

Имено, тоалетата во пределот на градите е направена од сосема проѕирен црн тул, кој селосно ги откри градите на Дожа, која брадавиците вешто ги покри со штитници во боја на кожа.

Во продолжение, погледнете како изгледаа некои од најпознатите лица на црвениот килим на „Тајм 100“.


Фото: Printscreen Instagram (@biggerthanyu)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.