Познатата дизајнерка во нов, есенски фустан, кој веднаш ќе посакате да го купите (ФОТО)
Шопинг-препорака
Модната креаторка Викторија Бекам важи за една од најстилизираните жени. Нејзиниот стил зрачи со класична елеганција, софистицираност и едноставност.
Фустанот на сопругата на славниот фудбалер Дејвид Бекам ќе биде задолжително парче во вашиот гардеробер во текот на претстојната сезона, а нејзината популарност преминува во моден класик.
Станува збор за лелеав, макси-фустан со цветен принт. Бохо-стилот веќе некое време е мошне популарен во модниот свет, а посебно се издвојуваат романтичните, лелеави фустани и цветните дезени. Токму таков е фустанот на Викторија Бекам, кој е соодветно парче и за крајот на летната сезона, но во почеток на есента ќе го доживее својот златен миг.
View this post on Instagram
Совршено се комбинира со каубојки, со широки сакоа и необични модни додатоци за коса, а претставува вистински ретро-шик!
Фото: Инстаграм, Getty Images