Повторно ги прекршила сите модни правила: Стајлингот на Викторија Бекам е тотална утка!

Лош избор

Модните комбинации во последно време и’ се се’ полоши

Некогаш важеше за една од најдобро облечените жени, но тоа нагло се смени во последно време. Викторија Бекам веќе со месеци се наоѓа на листата на најлошо облечени.

Нејзините стајлинзи се лоши најблаго кажано. Со желба да спојува неспојливи парчиња, успева единствено да направи вистински моден дебакл.

Така беше и овој пат. Таа објавила фотографија на Инстаграм на која позира во здолниште и џемпер со истиот дезен. Изборот на обувки паднал на моделот чизми во кои можеме да ја видиме речиси секој ден. Иако се многу критикувани и прогласени за непопуларни, на Викторија не и’ е гајле за тоа.

https://www.instagram.com/p/B6Tb4w_pdt7/?utm_source=ig_embed

На фотографијата се гледа дека и нејзината фризура не е беспрекорна, како што беше досега. Таа секогаш умеела одлично да ги износи сите модни комбинации, но изгледа дека и на најдобрите им се случува да згрешат.

По објавата, следела лавина коментари во која фановите го изразиле своето разочарување од  нејзиниот стил.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.