Под фустанот од тантела на ЕМИЛИ РАТАЈКОВСКИ блесна заводливата долна облека, а кога се сврте – го покажа НАЈВИСОКИОТ ШЛИЦ на светот

Манекенката пристигна во Кан за да присуствува на премиерата на „Злосторства на иднината“, појавувајќи се во повеќе од провокативен фустан.

Земајќи гипредвид нејзините модни изданија на Канскиот филмски фестивал претходните години, провокативниот фустан што го носеше синоќа не е изненадување. Од Емили Ратајковски може да се очекуваат разни модни провокации, а секој пат успева да привлече големо внимание на црвениот тепих.

Така беше и годинава во Кан каде што се појави во фустан од тантела, под кој ѝ се наѕираше заводливата долна облека. Фризурата ѝ беше спој на најмодерните трендови: бранови и шишки, додека, пак, шминката ѝ беше во земјени тонови. Зад нејзиниот накит стоеше познатата куќа „Шопард“.

Емили изгледаше провокативно и софистицирано, елегантно и сензуално, а дури кога се сврте и зачекори кон салата во Кан, го видовме вистинското лице на нејзиното модно издание. Поточно, видовме шлиц кој ја достигнува својата максимална должина, но и нејзината долна облека од друг агол.

Дали Емили ја премина границата на добриот вкус? Тенка е границата помеѓу провокација со стил и вулгарност, која ја немаше вчеравечер во Кан. Високите шлицеви не се забранети во модата, а кога носите ваков фустан, важно е да го носите самоуверено, исто како позната манекенка, која негува сосема поинаков стил од овој на црвениот тепих.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zeii Greyy (@holllywoodqueens)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време