Пенелопе Круз се појавила во катастрофално издание: Модната кралица на црвениот килим се појавила во „фустан за на погреб“

Што мислите вие?

Пенелопе Круз се појавила на доделувањето награди „Гоја“, а нејзиниот стајлинг не предизвикал воодушевување

Главната ѕвезда на 37. доделување награди „Гоја“, секако, била шпанската дива Пенелопе Круз. Доделувањето награди „Гоја“, кое инаку важи за шпански еквивалент „Оскарите“, се одржува во Валенсија, а кога на црвениот килим се појавила Пенелопе, многумина биле изненадени.

За оваа пригода една од најубавите холивудски актерки се појавила во црн фустан во готски стил. Горниот дел на креацијата од брендот „Долче и Габана“ го сочинувал полупроѕирен корсет, додека долниот дел бил од неколку слоеви тантела и сатен.

Целата комбинација Пенелопе ја надополнила со црна марама од тантела и елегантни обетки.

Иако навикнати сме да ја гледаме актерката во беспрекорни модни изданија, оваа креација наишла на негативни коментари.

„Фустанот ја проголтал“, „Се облекла како да тргнала на погреб“, „Ова не е ни за маскенбал“, „Тотална утка, никако не ѝ стои овој стил“, се само некои од коментарите на сметка на нејзиниот изглед.

Од друга страна, многумина ѝ дале чиста десетка за шминката и фризурата и, навистина, 48-годишната актерка изгледала како девојче. Пенелопе ги истакнала убавите црти на лицето со неутрална шминка, додека акцентот бил на очите, а романтичната фризура со црна шнола и кркми ѝ избришала уште неколку години од лицето.

Ги руши правилата: Пенелопе Круз во стајлинг кој можеби им е „забранет“ на 48-годишните жени, НО НЕ И НА НЕА! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.