Партнерот ја оставил поради вишокот килограми: Сега на црвениот килим излегла по градник, гордо покажувајќи го своето тело!

Камила Кабељо

Камила Кабељо гордо позирала облечена само во градник украсен со цвеќе, за чија изработка биле потребни 40 часа напорна работа

Кога станува збор за модата на доделувањето награди „Греми“, правилото гласи: Што почудно, тоа подобро. Овој тренд го испочитувала и пејачката Камила Кабељо, која на црвениот килим прошетала облечена во црно тесно здолниште со висок струк, додека горе имала само градник украсен со цвеќиња и накит.

Дизајнерката Патриша Боналди открила дека изработката на овој градник траела околу 40 часа, а целта им била „модната уметност“ да ја понесе токму младата и харизматична Камила Кабељо.

Инаку, Камила Кабељо вниманието на јавноста го привлече со хитот Senorita, за кој соработуваше со пејачот Шон Мендез. Двојката стана неразделна, а папараците го следеа секој нивен чекор.

Се зборуваше дека Камила се вљубила до уши, но и дека Шон ја оставил оној момент кога почнала да качува килограми. Со оглед на тоа што пејачката не сакала да ослабе, Шон одлучил да раскинат.

Дури ни една година по раскинувањето се чини дека Камила не ја преболела загубата на големата љубов.

Дечко ѝ ја оставил поради вишокот килограми, а таа го користи секој момент за да се соблече во бикини и гордо да го покаже целулитот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.