Оваа дама носи стајлинг што вреди колку стан во центарот на Скопје: Чини 50 милиони денари иако не изгледа така на прв поглед

Неверојатно!

На една новинарка неодамна ѝ го привлекла вниманието девојка што на себе носела модна комбинација вредна дури 250.400 долари!

Една новинарка добила идеја да отвори профил на Инстаграм со име dvdoublevanilla и на него да го покаже сиот моден гламур од улиците на Париз, Њујорк и Милано. Имено, таа речиси секојдневно објавува видеа и фотографии од дамите што ги среќава во овие модни престолнини, прикажувајќи ги нивните скапоцени стајлинзи.

Неодамна, вниманието ѝ го привлекла девојка која имала стајлинг вреден дури и повеќе од 50 милиони денари, а најевтиното парче облека на неа чинело „само“ 80.000 денари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DV (@dvdoublevanilla)

Уште на прв поглед е јасно дека станува збор за жена која ги следи модните трендови. На неа има очила за сонце „Прада“ од 90.000 денари, маица „Валентино“ во истата нијанса со бели букви од 100.000 денари, кожена јакна „Ив Сен Лорен“ од 150.000 денари, потоа црно-бела чанта „Шанел“ од 200.000 денари и чизми со златна шнола „Луј Витон“ од 360.000 денари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CHANEL_bag (@chanel.bag._)

Меѓутоа, гардеробата не е најскапото нешто на неа, туку накитот. Само белегзијата „Картиер“ на нејзината рака вреди 3 милиони денари. Покрај неа, носела и белегзија „Булгари“, која чини 150.000 денари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cartier Official (@cartier)

Другата рака ја красел часовник „Ролекс“, чија цена изнесува 10 милиони денари, прстен „Картиер“ од 240.000 и „Булгари“ од 600.000 денари, како и свршенички прстен „Мејсон Брикс“ од 5 милиони денари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by watches (@watchesevan)

Кога ќе се собере сето тоа, нејзината модна комбинација чини колку стан во центарот на Скопје!

5 фустани што оваа зима ќе ги носат сите модни икони: Удобни се и топли, изгледаат совршено и во дневни и во вечерни варијанти
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.