Оскаровско издание од 1999 на кое никој не му останал рамнодушен: Култниот фустан на актерката ќе го носи и ќерка ѝ на матура!

Доделување на „Оскари“ од 1999

Најмногу се зборувало за овој стајлинг на холивудската актерка во 1999, а се зборува и денес, 22 години подоцна

Бледо розовиот фустан со потпис на познатиот американски моден дизајнер Ралф Лорен, во кој Гвинет Палтроу (48) го земала Оскарот за улогата во филмот „Вљубениот Шекспир“, се смета за една од најдобрите оскаровски тоалети на сите времиња.

Креацијата од тафт во розова боја на гума за џвакање имала тенки прерамки, V-изрез и волуменизирано здолниште.

Едноставноста на кројот го издржала тестот на времето, истовремено симболизирајќи го сето тоа што беше најголем тренд тој период.

Гвинет со овој фустан искомбинирала и дијамантски ѓердан, белегзија и обетки од американската куќа за накит „Хари Винстон“.

Гвинет тогаш немала стилисти, туку неколку дена пред доделувањето на најпрестижните награди го посетила славниот креатор за одбере соодветна креација.

Фустанот во оригинал имал горен дел сличен на корсет, кој на крајот бил прекроен во поудобна верзија. Актерката не сакала да си создава преголем притисок, туку сакала само да изгледа слатко. А и успеала во тоа!

„Ако само помислам на тоа колку луѓе ќе зборуваат за фустанот како за нешто смешно, тоа би ме спречило да излезам од дома. Едноставно се исклучив од сето тоа и го облеков тоа што ми се допаѓа“, им кажала тогаш на новинарите на црвениот тепих.

Овој моден избор на Гвинет Палтроу секогаш наидувал на спротивставени мислења. Додека некои луѓе го мразеле овој фустан, како на пример мајката на актерката, повеќето луѓе ја обожавале розовата креација, чија приказна сѐ уште не е завршена.

Оскаровката открила дека ќерка ѝ Ејпл (16) можеби ќе го носи фустанот на матурската прослава.

Славната мајка дури и ќе ѝ дозволи на својата миленичка да го прекрои фустанот по свој вкус.

Момче креирало и сошило матурски фустан за сестра му, бидејќи родителите немале пари да ѝ купат: Трудот се исплател! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.