Обувки број 1 за пролет и лето 2021: 1970-те во својот најубав сјај!

Или ќе ги засакате или ќе ги мразите

Кога станува збор за овој модел, не постои средина

Во 1970-те години кломпите беа апсолутен хит, а нивната популарност траеше до 1980-те и потоа паднаа во заборав. За нивното враќање на модната сцена оваа година, заслужни се пред сè луксузните дизајнерски куќи кои ги вклучија во своите колекции за потоплите денови.

Кломпите или ќе ги мразите или ќе ги сакате, бидејќи кога тие се во прашање, нема средина. Но ако сакате да бидете во тренд, имајте ги како опција, бидејќи ќе ги гледате на секој агол на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moda Operandi (@modaoperandi)


Hermes претстави кломпи со дезен, моделот со препознатлив логотип е изборот на „Луј Витон“, класичен шик модел нуди Celine by Hedi Slimane…

Сите тие го гарантираат големото враќање на кломпите, а трендсетерките веќе го одбраа својот омилен пар и се фотографираа со него.

Останува уште прашањето како да ги носите?

Одлично одат со тексас од глава до пети, со мала чантичка како шик моден додаток, а можете да се поиграте и со животински дезен, без проблем ќе се усогласат и со него.

Одлично одат и со фустани, но вистински ретро-вибрации ќе постигнете со џинс, без разлика дали станува збор за ѕвонарки, миди-здолниште или кратки панталони со висок струк.

Дали вие би носеле кломпи оваа пролет и лето?

Омразените обувки се враќаат на модната сцена: Дали сте доволно смели да прошетате во нив?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.