Облече здолниште! Актерот, кој важи за еден од НАЈУБАВИТЕ ФРАЕРИ, сите ги остави без текст со ОВОЈ СТАЈЛИНГ

Фановите збунети

Што сакал поетот на каже…?

Роберт Патинсон стана големо име откако глумеше со Кристен Стјуарт во „Сагата на самракот“, глумејќи го саканиот вампир Едвард Кален. Оттогаш, актерот играше неколку фасцинантни ликови во многу филмови, што му донесе многу признанија.

Со своето последно појавување, британската ѕвезда ги подигна нештата на друго ниво. На саемот за машка облека есен/зима 2023 на „Диор“ во Париз, тој се појави во здолниште и им го привлече вниманието на присутните.

Актерот е бренд-амбасадор на оваа модна куќа. Тој им ги украде погледите на модните уредници, тиктокерите и оние кои сакаат да трошат пари. Ги засени присутните со чоколадно-кафеното палто од руно и здолниптето од син твид, со многу карактеристичен крој, а се расправаше дали се работи за модел на килот или пократки панталони со  здолниште во предниот дел од.

Носеше и многу модерни црни чизми до колена. Како заштитно лице на луксузниот бренд, Патисон ја следеше ревијата од првиот ред во друштво на многубројни познати личности, а на крајот прошета по пистата покрај главните лица на Диор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Pattinson (@robertpattinsonv)

Во 2012 година, Патинсон потпиша договор вреден 12 милиони долари со модната куќа „Диор“, поради што е редовен на ревиите на машка облека на овој бренд во Париз, најчесто во колекции на спортски кожени јакни или костуми.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.