Новиот „look“ на Џенифер Лопез: Вртоглаво високи златни чизми (ФОТО)

Дали ви се допаѓаат?

Изгледа со промените на приватен план, и модните навики на Џеј Ло од 2000-тите се вратија во нејзината гардероба.

Џенифер Лопез привлекува внимание каде и да се појави. Во јавноста со помош на Бен Афлек; а приватно, на социјалните мрежи – со помош на прекрасната облека и вртоглавите златни потпетици.

Популарната пејачка, чиј апсолутен триумф се случи во раните 2000-ти, сè уште егзистира „во истата временска зона“. Имено, Џеј Ло не само што изгледа дваесет години помладо, туку и се облекува така. Овој пат, латино-дивата на социјалните мрежи објави примерно елегантно селфи во здолниште во боја на мандарина и аристократска кремаста блуза. 

Веќе на следната фотографија, таа му ги покажа на светот своите шокантни златни чизми со огромна платформа. Џенифер ја означи фотографијата со „моден петок“, а стајлингот е комбинација на беспрекорен деловен стил и провокативна сценска слика.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.