Носела ист фустан 100 дена па одлучила: Повеќе никогаш нема да купувам облека
Сподели
Го носела црниот фустан во сите пригоди па дури и на планинарење со своето семејство. Покрај тоа својата модна комбинација секојдневно ги објавувала на инстаграм и ја сфатила вистината во друштвените мрежи и модата.
52-годишната Сара Робинс-Кол сфатила дека веќе има облека за секоја пригода, па нема потреба да купува нешто ново. Црн фустан со долги ракави, со должина до колена. Таа вели дека фустанот го носи во сите прилики – на работа, кога оди на прошетка, кога одмара дома, па дури и кога оди на семејни празнични собири, пишува „Мирор“.
Сара го прифатила предизвикот да носи еден фустан 100 дена по ред, и толку многу ѝ се допаднала оваа промена што решила да не купува нова облека.
Американката која живее во Бостон, се приклучила на предизвикот на 16 септември 2020 година во обид да живее без брза мода и да помогне во спасувањето на планетата.
Сфатив дека носењето ист фустан не ми одзема ништо од животот. Повеќе нема да купувам нова облека и ако ми треба нешто официјално, само ќе побарам во плакарот и ќе ги извадам фустаните што стојат таму од 1992 година“, вели таа.
Кол беше меѓу 250 жени кои го прифатија 100-дневниот предизвик, предводен од една дизајнерска куќа Сара вели дека наишла на предизвикот сосема случајно.
Кога првпат го видов предизвикот на социјалните мрежи си помислив: – Зошто да не?“, вели таа.
На учесниците им било дозволено да го перат и сушат фустанот преку ноќ, но долколку биле будни, се очекувало да го носат. Сите што го завршија предизвикот добија ваучер од 100 долари.На својот инстаграм-профил, Сара почна да објавува разни модни комбинации со фустанот, а исто така призна дека носењето на таа облека ѝ помогнало со самодовербата.
Претходно, постојано мислев дека сите гледаат во мене и дека сите забележуваат што носам. Сега знам дека не е така“, вели таа.
Идејата била да им покаже на учесниците дека носењето иста облека секој ден ќе ги промени нивните навики на трошење.