Неверојатно: Најлутите ривалки Цеца и Јеца сепак имаат нешто заедничко (ФОТО)

Различни капути, но и нешто слично

„Старите“ судски муштерики Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша пред еден месец се сретнаа во судницата на едно од многубројните судски рочишта што ги имаа досега.  Добро познато е дека двете пејачки константно разменуваат тужби една против друга, па се гледаат на суд, но тоа не е темата на овој текст.

Имено, на последното судење, двете ѕвезди се појавија во модерни модни комбинации, кои совршено го рефлектираат нивниот стил.

ЈК избра модерен капут познат како teddy (мече), додека, пак, Цеца се појави во бела комбинација, која совршено ѝ прилегаше.

Сепак, она што нам ни падна в очи се нивните чанти, за кои би рекле дека се идентични. Изгледа дека Цеца и Јеца сепак имаат нешто заедничко – сличен вкус кога станува збор за овој моден додаток.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.