Нема да ви се верува чија девојка е оваа убавица: Штом се појавила, сите мажи подзинале, и тоа со добра причина!

Провокативна

Јулијана Налу (24) е новата девојка на Канје Вест, а својот изглед значително го приспособила на вкусот на славниот рапер

Новата девојка на Канје Вест, Јулијана Налу, не ѝ оставила многу на имагинацијата кога во неделата се појавила на една забава во Западен Холивуд. Бразилската манекенка облекла црни мрежести проѕирни хеланки со потпис на Жан Пол Готје, додека на нозете носела чизми „Баленсијага“.

Иако има само 24 години, се зборува дека двојно постариот Канје Вест се вљубил во неа веднаш штом ја здогледал. Сега не поминува ден, а да не ја изведе на вечера. Сепак, нивната врска не е толку бајковита колку што младата Јулијана се обидува да ја прикаже пред јавноста.

Во секој случај, штом се појавила во Западен Холивуд, сите веднаш претпоставиле дека токму таа е девојката на Канје Вест. Се зборуваше дека тој ја советува секоја своја девојка како да се облекува, а така било и со Ким Кардашијан на која сосема ѝ го променил имиџот.

Јулијана од шестата година сонувала да стане манекенка, а сонот ѝ се остварил кога станала заштитно лице на бразилскиот „Лореал“ на возраст од 18 години.

Денес го живее својот сон, додека на Инстаграм ја следат 670.000 луѓе и речиси половина милион на ТикТок.

„Сакав да направам големи работи надвор од Бразил, но немав поим колку е тоа тешко. Морав да се обидам. Мајка ми ми помогна да ги остварам моите соништа“, рекла Јулијана неодамна.

Инаку, се шушка дека нејзината врска со Канје Вест набрзо ќе заврши со оглед на тоа што тој не може да го прифати разводот од поранешната сопруга Ким Кардашијан. Досега беше во врска со Џулија Фокс, но и со манекенката Чејни Џонс. Меѓутоа, сите негови врски како да беа обиди да ја заборави Ким.

Канје Вест повторно заљубен: Раперот во врска со 20 години помлада девојка?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.