Не се сликала за да не ја засени родената сестра на венчавката: Објавила фотографии дури откако поминала свадбата!
Како ви се допаѓа?
Венчавката на Кортни Кардашијан и Травис Баркер е настан за којшто сé уште се зборува
Дали е дозволено да се засени родената сестра на нејзината венчавка? Секако дека не! А тоа го знаела и Клои Кардашијан која го привлекла вниманието на присутните за време на овој голем настан.
Со оглед на тоа што го довела своето тело до перфекција, Клои изгледала спектакуларно сите три вечери во Италија.
Средната сестра од Кардашијанките за оваа пригода носела фустани со потпис на „Долче и Габана“, додека на главата носела тијара со сончогледи.
View this post on Instagram
Дури откако си дошла дома, по венчавката на сестра ѝ, Клои објавила три фотографии во спектакуларен фустан со црвени срца.
„Ти си божица“, биле некои од коментарите за нејзиниот изглед.
View this post on Instagram
„Тијарата и фустанот на ‘Долче и Габана’ направија да се чувствуваме како принцеза“, напишала таа, а сите се согласиле дека изгледа неверојатно.
View this post on Instagram
Како ви се допаѓа изгледот на Клои Кардашијан?